Диорама со тридимензионална позадина во струшкиот музеј

Во природонаучниот музеј во Струга „Др. Никола Незлобински“, по повеќе од 30 години по прв пат се вршеше обновување на диорама.

„Обновувањето вклучува вметнување позадина, постер кој доловува трета димензија, внатрешно адаптирано светло на самата диорама и вметнување на неколку други видови животни“, вели самостојниот препаратор Васко Јолевски.

Токму Јолевски ги направи зафатите за диорамата.