„Детектирај го критичарот во себе“ – работилница за применета психологија

Во сабота, 14 септември, од 12:30 часот во Центарот за применета психологија Дора” ќе се одржи работилница на тема:“ Детектирај го критичарот во себе!” која ќе содржи теорија и практични вежби од областа на применета психологија. 

Работилницата ќе ја водат Дора Попова Узуновски, психолог, социотерапевт, гешталт психотерапевт, м-р по клиничка и советодавна психологија и Маја Керамитчиева, психолог, Сертифициран НЛП Коуч за личен развој во Aquila Development и менаџер за човечки Ресурси.

Организаторите најавуваат дека работилницата е наменета за сите кои би сакале да се посветат на личниот развој и да ја подобрат комуникацијата со себе, односно, да го препознаат критичарот во себе, да ја освестат фината граница на конструктивна и деструктивна доза на критикување и функцијата на критчарот да ја употребуваат секогаш во своја корист.

„Колку го познавате делот во себе кој постојано ви поставува препреки за да донесете одредена одлука во животот од страв да не погрешите ? Колку често во себе ја барате грешката и чувствувате вина, дури и тогаш кога немате одговорност за одредена ситуација или состојба? Колку често ви се јавуваат чувства на лутина кон самите себе за одредени постапки што сте ги направиле и колку лесно си простувате за своите грешки? Критичарот е моќен дел кој постои во секој од нас и кој може да направи сериозни блокади во нашите животи, доколку не ја запознаеме неговата функција, како тој работи и како е создаден. Дел кој може да ја подели и комплетно да ја дезинтегрира личноста, бидејќи неговото најмоќно оружје е сомнежот кој постојано носи двоумење, страв и несигурност. Затоа повелете на оваа практична работилница која ќе ви помогне да го детектирате критичарот во себе секој пат кога тој се јавува, да се справите полесно со него и да не му верувате толку“, стои во најавата на работилницата.

Повеќе детали околу пријавувањето на работилницата може да најдете на следниов ЛИНК или пак на: popova_dora@yahoo.com и keramithieva@gmail.com.