Денови на финансиска писменост од 11 до 13 мај во Сити мол

Од 11 до 13 мај во Скопје Сити мол ќе се одржат „Денови на финансиска писменост“, јавен настан за финансиската едукација кај луѓето, подигање на свеста и постигнување поголема финансиска писменост.

Настанот го организираат Скопје Сити мол во соработка со Координативното тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија – Народна банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и Агенцијата  за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Настанот ќе овозможи едукација преку изложбен дел каде посетителите ќе можат да се информираат за сите финансиски параметри во врска со одредени теми кои ги засегаат посетителите, ќе има презентации на одредени продукти од учесниците, како и голема забава за најмладите вклучувајќи ги во проекти со кои од рана возраст ќе се влијае на нивната финансиска едукација.

На тридневниот мултимедијален настан, ќе учествуваат и финансиски институции, банки, штедилници, осигурителни компании.

Мултимедијалните пултови ќе бидат отворени во период од 12 до 20 часот.