Денот се зголемува за две милисекунди на секој век

Астрономите кои направија компилација од 3 000 вселенски записи открија дека со секој изминат век, денот на Земјата се зголемува за две милисекунди поради намалената брзина со која ротира планетата.

Иако можеби не изгледа како голема разлика, но времето кое е потребно за Сончевиот зрак да отпатува 600 километри кон Земјата, може да го чини некој златен олимписки медал. Сепак, оние кои се надеваат на дополнител час во деноноќието за да ги завршат своите обврски, ќе треба да почекаат уште два милиони века.

Истражувачи од Универзитетот Дурам и Канцеларијата за наутички алмонах на Велика Британија собраа историски снимки од еклипсите и од други небесни настани што се случиле помеѓу 720 год. п.н.е. и 2015 година. Најстарите податоци се собрани од вавилонските глинени плочи напишани со клинесто писмо, со уште неколку старогрчки текстови и скрипти од Кина, средновековна Европа и од арапските територии.

Древните записи го сведочат времето кога во одредено време и место луѓе забележувале различни фази на соларни и лунарни еклипси, а од 1600-та година, па наваму, тие го опишувале поминувањето на Месечината пред одредени ѕвезди и како таа ги засенувала.

По ова, научниците ги споредиле историските настани со компјутерски модел кој пресметува каде и кога луѓето би ги виделе овие настани ако вртењето на Земјата е константно.

„И покрај тоа што забелешките се сурови, можеме да согледаме константен расчекор помеѓу пресметките за тоа каде и кога еклипсите се всушност видени”, вели Лесли Морисон, дел од истражувачкиот тим.

„Тоа значи дека Земјата се променува во однос на својата ротација.”

Но, за астрономите одамна е познато дека вртењето на Земјата се забавува. Како главна причина за тоа ги наведуваат плимите и осеките што се создаваат од гравитацијата на Месечината.