Делчевскот фестивал „До-зора“ ќе се одржува од 3 до 5 август  

Во Делчево повторно ќе се одржува фестивалот „До-зора“, но овој пат меѓу 3 и 5 август, со што ќе трае 48 часа. Организаторите најавуваат посебни техно и транс вечери.

„И за двете вечери имаме подготвено еден извонреден лајн-ап кој верувајте никој од вас нема да го остави рамнодушен. За техно звуците ќе се погрижат едни од најдобрите и најафирмираните македонски артисти кои го држат клубскиот ноќен живот во Македонија на едно завидно ниво. За транс вечерта имаме скоцкано line up од артисти кои од Вас ќе го исцедат и последниот атом сила. Дополнителни куп мали изненадувања кои овој фестивал ќе Ви го врежат во сеќавањата засекогаш. На вас останува само да се појавите“, стои во најавата за фестивалот.

На менито за техно вечерта се Самоил Радински, Флудер, Митрик, Дени Трајков и Фирма, Кокс и Блендимор.

На втората, психоделична транс вечер пак ќе бидат Ликвид-илужн, Селестиал интелиџенс, Етериал вижн, Тесла Принсипл, Галактик експлорерс и Фоби. Наскоро треба да има и дополнување на листата на диџеи и артисти.

Најавен е и посебен декор од Дарк форест.

На локацијата на фестивалот ќе има посебен кампинг-простор, штандови за храна, пијалоци, тушеви итн.