„ Да го поздравиш и да ми го бациш” се враќа на репертоар во МКЦ

На 26 и 27 мај во МКЦ (сала 25 мај), со почеток од 20 часот ќе се изведе театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“, во продукција на зружението „Артопија“.

Се работи за документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, за соништата за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање.

Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода.

Каков треба да биде театарот денес? Кое е неговото место во опшетството? Кое е местото на младинците во општетсвото во кое живееме? Претставата зборува и за: емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, за слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“ итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отворат дилеми барајќи начин да ги одговорат.

Во претставата играат: Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Симона Спировска Костовска.Режијата е на Билјана Радиноска.

Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита. Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk

Претставата не е наменета за лица под 16 години.