Д Фестивал ги најавува „Поинт Бленк“ и „Фјурион“

За радост на сите фанови на енергичните настапи и жестокиот звук на домашната сцена, своето гостување на тридневниот музички маратон Д Фестивал кој ќе се одржи од 17. до 19. јули во Дојран го потврдија хардкор составот „Поинт Бленк“ (Point Blank) и треш-металците „Фјурион“ (Furion) од Скопје. Тие кои ќе ја разгорат атмосферата на главната бина во петок, на 17 јули. Саботната вечер на 18 јули, иновативниот и свеж звук на домашната сцена ќе го претстави групата „Џун“ (June) со настап на втората фестивалска бина на Д Фестивал.

„Поинт Бленк“ започнаа да свират при крајот на 1999, под влијание на хардкор бранот кој што тогаш ја имаше поплавено Македонија. Но, постепено музиката на „Поинт Бленк“ се менуваше и бендот започна да создава помелодични рок/метал песни. „Поинт Бленк“ станаа посериозни и посветени, не излегоа од нивната гаража две и пол години, создавајќи музика и барајќи го својот звук. „Поинт Бленк“ од секогаш биле убедени дека покрај студиската работа, живите настапи се всушност најважниот елемент за карактерот на бендот.

Истата вечер, главната бина ќе одекне и со моќниот звук на „Фјурион“, групата формирана во 2007, како производ на школското другарство на Иво Павловски и Милан Тасевски. За три месеци, тие ги ангажираат Анте Гулин на бас, Марјан Сребров на тапани и Калин Марковиќ – Масниот како вокал. На почетокот, „Фјурион“ е треш метал состав, за по кратко време да решат дека нема да бидат дел од потесните етикети во металот. Беа дел од „Wacken open air metal battle“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина, каде ја освоија главната награда. Во 2013 го објавуваат првиот албум „Trashing folks”, а во моментов подготвуваат втор албум.

На истата бина на Д Фестивал, публиката ќе има можност да ужива и во настапот на младиот скопски реге/рага/ска/рап состав „Брука Бенд“ (Brooka Band). Станува збор за релативно нов бенд, кој го сочинуваат веќе искусни музичари, претходно членови на различни домашни бендови.

Втората фестивалска бина ги пречекува „Џун“ и нивниот префинет инди-поп звук. „Џун“ на Д Фестивал доаѓаат во вистински момент, откако стануваат сѐ поактуелни, благодарение на успесите кои во низа ги остваруваат од почетокот на годинава. Бендот е формиран во октомври 2010 година, а кон крајот на минатата година го објавија својот втор албум „Indian Summer“.

Своето учество на фестивалоте веќе го потврдиј Кирил Џајковски и ТК Вондер, Фолтин, Србите Бед Копи и Грците Баилдса. За најдобро поминатото време летово ќе се погрижат и Љубојна брас фатази, Бла Бла Бла, ПМГ колектив, Фулиш грин, ЗАА, Драм’ен’Брас Трио, К.У.Р. Големата прослава на затворањето на јубилејното петто издание на фестивалот е загарантирана со искрената и неверојатна енергија на музичкиот гениј Ману Чао. Само во рамки на музичката програма на Д Фестивал, од 17 до 19 јули во Дојран ќе гостуваат повеќе од 30 изведувачи, а покрај тоа најавени се и бројни гости од дополнителните активности на фестивалот.

 

Фестивалските билети за тридневниот музички маратон на разумот од 17. до 19. јули, вклучувајќи го и сместувањето на ептен независниот камп, во претпродажба чинат 600 денари. Покрај промотивните фестивалски и еднодневни влезници кои веќе се достапни во продажба, се спроведува и специјалната акција „4+1“ наменета исклучиво за студентите во Македонија.