Чистење на Аквадуктот во Визбегово во недела

Иницијативата Мрдни со прст организира чистење на Аквадуктот во Визбегово, утре (18.12) со почеток од 12 часот. Локацијата точно може да се најде на овој линк.

Иницијаторите пишуваат дека откако поддржале и помогнале за неколку проблеми кои биле пријавени на сајтот www.mrdnisoprst.mk и реализирале неколку акции во соработка со Националниот младински совет (НМСМ), во Струга, Охрид, Штип и Битола, сега доаѓа ред за одржување на акција во Скопје.

Сите заинтересирани кои сакаат, можат да помогнат во акцијата за чистење на отпадоците кои се расфрлани околу Скопскиот Аквадукт во Визбегово, археолошки локалитет кој претставува една од позначајните знаменитости на градот Скопје.

На акцијата веќе се приклучиле Националниот младински совет и Сојуз на извидници на Република Македонија.

Заинтересираните можат да се пријават преку www.mrdnisoprst.mk или да пратат мејл на info@mrdnisoprst.mk. Организацијата ќе обезбеди ракавици и црни ќеси.