Четврти фестивал за лица со и без хендикеп

Четвртиот Меѓународен фестивал за лица со и без хендикеп организиран од здружението на граѓани за промоција и развој на регионите „Свет на различни а еднакви“ од Скопје ќе се одржи на 14, 15 и на 16 ноември.

Ова е единствен фестивал од ваков вид на Балканот и е тридневен настан проследен со другарување и размена на искуства.

Според Здружението, овие активности имаат за цел да ја зголемат инклузијата на лицата со инвалидност со други лица во културни активности, тие да ја имаат можноста полесно и активно да се вклучат во општеството и заедницата, да им се отворат портите за креативно изразување, да се негува нивниот потенцијал и да се унапреди нивниот квалитет на живот.

Поддршката на овој фестивал креира повик за соживот и еднакви права и отвора можности која ќе ја направат различноста на сцената посебна за сите кои ја сакаат магијата на театарот.