Резултати: Совет од психотерапевт

Радио МОФ повторно ја отвора платформата за советување, каде можете да поставувате прашања и да добиете одговори од нашите психолози-психотерапевти. На платформата пристигнуваат прашања поврзани со различни теми, од семејни проблеми, токсични врски и раскинувања, депресија, анксиозност па сè до булинг или ментални предизвици поврзани со пандемијата. Сè што ве држи будни навечер!.

Во соработка со група лиценцирани психолози-психотерапевти, поставените прашања ќе бидат ревидирани и одговорени со стручно мислење и совет, соодветно на нивната сфера на експертиза. Во периодот кој следи, Радио Моф ќе ги сподели прашањата и одговорите на психолозите кои ќе бидат објавувани на нашиот сајт под псевдоними и анонимно.