Царовска: Со жителите одлучивме дека во Тимјаник ќе има мал групен дом

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера повторно ги посети Неготино и Тимјаник и заедно со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков се сретна со локалните жители.

„Недоразбирањата се веќе минато, а подготовките за малиот групен дом во Тимјаник продолжуваат“, информираат од министерството.

„Драго ми е што овој пат имавме многу конструктивна дискусија и жителите дадоа поддршка на она што го правиме. Јас верувам дека Тимјаник ќе биде симбол на хуманоста на нашето општество, а жителите ќе се гордеат со тоа“, вели Царовска.

Од Министерството информираат дека се во комуникација и со другите општини коишто изразиле подготвеност за отворање на мали групни домови.