„Bob Marley Day“ во Градски парк на 14 мај

Четиринаесетта година по ред, во Градскиот парк во Скопје се одржува „Bob Marley Day“. Овој настан првпат се одржа во 2003 година и оттогаш расте како во својата големина, така и во значајноста. Во Градскиот парк во Скопје секоја година се собираат илјадници посетители од Европа и голем број музичари и DJ, кои преку нивната уметност ја пренесуваат универзалната порака на мирот.

„Доближувајќи ја реге музиката и пораката на Боб Марли „ONE LOVE, ONE HEART, A WORLD WITHOUT BORDERS“ до сите луѓе, овој настан е нешто што се памети засекогаш. Сите ние како поединци треба да придонесеме за овој настан, да продолжи да се развива и да прерасне во уште поголем на сечие задоволство“, вели организаторот Дејан Трпковски.

Сите млади и талентирани бендови кои што свират реге може да се пријават за учество на тел. бр, 075 72 86 82, или на ФБ. Засега познати изведувачи на реге журката во Градски парк се:

Групи: Two Generations, Joe & Tamara, Soul Squad

DJ: Irenska, Puci, Membaquinn, Charley, Van Sud, Doroteja, Elly Rasta Girl, Zolti Man, Tina & Phula, Geto Rudi