„Blues & Soul Festival“ на 12 и 13 септември во „Станица 26“

Во скопскиот клуб „Станица 26“ на 12 и 13 септември (четврток и петок) од 21 часот ќе се одржува „Blues & Soul Festival 2019“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

На фестивалската агенда во четврток е грчкиот четричлен состав „Zippy Nappers“, но и италијанско-американскиот „Leon Hendrix & Fulvio Feliciano Band IN NAME OF JIMI“.

Во петок, пак, концерт ќе имаат „Török Fehér Duó“, унгарско дуо на гитара и флета, а истата вечер е резервирана и за домашниот состав „The Mole Pack“.

За првата вечер картите се 400 денари, додека за втората 300 денари. Билети во продажба онлајн на https://www.karti.com.mk/ и билетарата на Станица 26 пред концерт.