Блендер – фестивал за децентрализирана култура во Скопје

Блендер – фестивал за децентрализирана култура 2019 ќе се случи на 13 и 15 јуни во Скопје, во Капан ан и Кинотека.

Влезот е слободен, а на програмата се најавени повеќе диџеј сетови, проекција на филмови, фото-изложба и концерт на скопското трио The Local Blue. За време на настанот ќе може да се купи пиво од производители на домашно занаетчиско крафт пиво.