„Битола во боја“ – изложба на фотографии од културните настани во градот

„Битола во боја“ е насловот на изложбата преку која членовите на медиа/арт клубот- Битола на Младински образвовен форум во петокот се претставија со свои фотографии од културните настани во градот.

Изложбата се организира со цел да им се прикаже на битолчани дека постојат доволен број на настани во градот кои ја опфаќаат младата популација, само е потребна информираност за нив.

Медиа Арт клубот – Битола, е место за млади луѓе кои сакаат креативно да ги изразат своите ставови и идеи. Младите членови добиваат можност да научат како да снимаат видеа и аудио прилози, да создадат фото приказна, да научат за перформативна и урбана уметност итн. Предавањата во Медиа/Арт клубот ги држат млади луѓе со искуство во различните модули. Во моментов постојат пет клубови во Македонија и тоа во Скопје, Битола, Тетово, Велес и Куманово кои активно работат на создавање креативни и интересни содржини на општествено релевантни теми кои се од интерес на самите членови.