Берлинскиот ѕид го нема точно онолку време колку што и постоеше

Берлинскиот ѕид го делеше главниот германски град 28 години, два месеца и 26 дена. Вчера навршија вкупно 10.316 дена откако е срушен, односно исто толку време колку што воопшто стоел.

Онаму каде за време на Студената војна беше границата меѓу американскиот и советскиот сектор, сега глумци-аматери во воени униформи ја „чуваат“ репликата на стражарската куќичка.

Берлинскиот ѕид  бил изграден во 1961 година од комунистичкиот режим на Источна Германија за да се оддели Западен Берлин, кој бил под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која била под силно влијание на СССР. Sидот станал највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса.

Во ноќта на 9 ноември 1989 година, комунистичкиот режим на Источна Германија не можеше да ја запре масата која мирно го „проби“ Берлинскиот ѕид.

Падот на Берлинскиот ѕид е симбол на обединувањето на Германија кое се завршило на 3 октомври 1990 година.

Еден од последните графити напишани на ѕидот е и тој на македонски, „Дани те сакам“.