Балетски триптих на 18 октомври премиерно во МОБ

Балетски триптих во кој првите две претстави „Агонија на срцето“ и „Софа“ се во кореографија на светски познатиот кореограф Ицик Галили од Израел, а третата е обнова на претставата „Песна над песните“ и е во кореографија на  Сташа Зуровац од Хрватска, на 18 октомври премиерно ќе биде изведен на сцената на Македонската опера и балет, а репризата е на 24 октомври.

Во „Агонија на срцето“ и „Софа“ музиката е на Том Вејтс и Филип Глас, а во „Песна над песните“ музиката е на Марјан Нечак.

Уметничкиот раководител на Балетот, Олга Панго, денеска на прес-конференција рече дека ќе настапат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на МОБ.

Во претставите настапуваат Ивана Коцевска, Бобан Ковачевски, Игор Велановски, Мирјана Поп Алексова, Саша Евтимова. Ендру Кук, Симоне Џиролети, Андреј Литвиненко, Мирослав Митрашиновиќ, Јан Кисилев.