Bada Boom vol. 2 во Домот на млади во Штип

Второ издание на музичкиот настан Bada Boom ќе се одржи во петок (26-ти април) во Домот на млади во Штип.

Организаторите најавуваат добра забава за присутните преку повеќе настапи на квалитетни и креативни артисти.

„Идејата на журките на Bada Boom, е пред се да вметне колорит во ноќниот живот, но и да се претстават квалитетни и креативни артисти пред публиката. Bada Boom vol.2 ќе се одржи во Дом на млади- Штип, место кое е добро познато на публиката и кое поддржува настани од ваков тип. Во него учество ќе земат хипхоп составот Токсиколози (Џоле, Кацар) , ДЈ К105, ДЈ 5R, и Zee Bomb и Matej Foltz кои се новиот бран на артисти и моментално актуелни со сингловите  “Лаганини” , “Се за мојот тим”, “Понеделник” и други. Локална поддршка на настанот ќе биде ДЈ Аrretoo, кој исто така е доста активен заедно со неговата екипа Society. Што значи спремете се за добра забава, атмосфера и live настапи на артистите“, најавуваат организаторите.

Настанот започнува во 20 часот, влезот чини 150 денари, а повеќе информации можете да најдете на нивната фејсбук страница.