„Авалон“ го одложи „Охрид колинг“ за наредната година

„Авалон продукција“ одлучи да го откаже Фестивалот на отворено „Охрид колинг“ кој требаше да одржи од 30 јули до први август годинава во Касараната во Охрид и го презакажа за наредната година.

Иако Комисијата за заразни болести во земјава дозволи да се одржуваат настани на отворено со 50 отсто од капацитетот, земајќи ја предвид масовноста на публиката, од „Авалон“ решија новото издание да го одложат за наредната година.

„Сепак, периодов интензивно работевме на тоа истите артисти да ги префлиме за следната година, па така, јубилејното издание на „Охрид колинг’ ќе биде три дена и ќе се одржи од 30-ти јули до 01-ви август 2021 година на истата локација, во Касарната во Охрид“, информираат организаторите.

Тие се надеваат дека по четирите реализирани фестивалски изданија, ќе се надмине и оваа криза, а дотогаш ја повикаа јавноста да се подготви за наредната година.