[Аудио] Четвртата епизода од емисијата „Приказните на бегалците“

На 23 мај, во 14 часот, на Радио МОФ ќе ја слушнете четвртата епизода од емисијата „Приказните на бегалците“ со Нина, Мрв и Ивона.

За оваа епизода од емисијата, Нина, Мрв и Ивона го посетија Прифатниот центар за баратели на азил- Визбегово и позборуваа со барателите на азил во државава, од чии приказни ќе ја издвоиме приказната на Али Раза. Во рубриката читачка проба, во оваа емисија, ќе можеме да го слушнеме текстот „Трошки“, адаптација на дијалог од YouTube видео снимено на почетокот на војната во Сирија.

Секои две недели, почнувајќи од 11 април, во емисијата зборуваме за теми како човекови права, антидискриминација, антиксенофобија, миграција, интернационална заштита и предизвиците со кои се соочуваат бегалците.

На следниве линкови може да ги преслушате претходните четири епизоди од емисијата:
ПРВА ЕПИЗОДА
ВТОРА ЕПИЗОДА
ТРЕТА ЕПИЗОДА

Проектот „Приказните на бегалците“, во чии рамки е и оваа емисија, поврзува два различни пристапи за создавање на разбирање меѓу младите во земјата за незавидната ситуација на бегалците. Еден пристап е оној на градење на знаења и информации, разбирање на правната рамка и правата. Другиот е создавање на врски и градење емпатијата. Овие пристапи ќе се практикуваат преку директно работење со млади луѓе и јавен настан во кој ќе учествуваат, како и преку поголем опсег на информирање преку медиумски содржини.

Овој проект е имплементиран од Младински образовен форум со поддршка од проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“. Проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“ е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а управуван од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.

Слушајте нè!