Антартикот изгубил три билиони тони мраз во последните 25 години

Антарктикот го губи мразот пребрзо.

Сателитите кои ја следат состојбата на овој континент покажуваат дека околу 200 милијарди тони годишно се губат од океанот како резултат на топење.

Ова ги зголемува глобалните нивоа на морето за 0,6мм годишно – трикратно зголемување од 2012 година, кога била извршена последната таква проценка.

Владите ќе треба да ги земат предвид информациите и трендот на забрзување.

Истражувачите велат дека загубите се случуваат претежно на западниот дел од континентот, каде што топлите води се спуштаат и ги топат глечерите кои завршуваат во океанот.

„Не можеме да кажеме кога започнало – ние тогаш не собиравме податоци за морето”, објаснува професорот Ендрју Шепард.

„Но, она што можеме да кажеме е дека денес е претопло за Антарктикот. Потопло е за околу половина степен Целзиусов отколку што континентот може да издржи и се топи околу пет метри мраз од неговата основа секоја година, и тоа е она што го поттикнува зголемувањето на нивото на море што ние го гледаме”, изјави тој.

Вселенски сателити летаат над Антарктикот уште од раните 1990-ти. Особено, Европа има непрекинат процес на набљудување кој почнува во 1992 година.

Овие вселенски летала може да покажат колку мраз е присутен со мерење на промените во висината на мразот и брзината со која се движи кон морето.

Работата на истражувачката организација, Имби, беше да ги собира сите овие информации во една единствена приказна која најдобро опишува што се случува на Белиот континент.