[Анкета] Колку често одите во кино или на концерт? Истражување за културното учество на младите

Колку од младите во Македонија редовно одат на претстава, концерт или посетуваат некаква културна манифестација? Ова се меѓу некои од прашањата на истражувањето за културното учество на младите од Балканот кое се спроведува во рамките на Балканската регионална платформа за младинско учество и дијалог.

Прашалникот е наменет за сите млади на возраст од 15 до 30 години.

Истражувањето се спроведува од страна на 7 Агенции за локална демократија (Приједор, Мостар, Завидовиќи, Никшиќ, Суботица, Књажевац и Пеја) и АЛДА Скопје.

Прашалникот може да го најдете на следниов ЛИНК.