Англиските училишта ќе бидат целосно отворени од септември, со неколку ограничувања

Училиштата во Англија добија само неколку ограничувања за тоа како ќе можат да работат кога учениците ќе се вратат наесен на училиште. Сепак, новоите упатства на владата, наидоа на жалби на директорите кои укажуваат дека спроведувањето на правилата има низа практични тешкотии, пишува Гардијан.

Упатството објавено од Одделението за образование наметнува неколку барања, главно основните и средните училишта да ги делат учениците во „меури“ на цели класови или по генерации, кои во поголемите средни училишта ќе вклучуваат стотици деца.

Но, исто така ќе бидат потребни неколку мерки за социјално растојание во училиштата, при што голем дел од советите што им се оставени на раководителите на училиштата за сами да ги толкуваат, вклучително и препораките за почеток и крај на наставата, времето за паузи во рамките на училишните часови и рутините за хигиена.

За децата и вработените нема обврска да се носат маски за лице во училиштата, но децата на возраст над 11 години кои патуваат на јавен превоз, ќе треба да носат маска или друга заштита на носот и устата, како и да одржуваат неопходно социјално растојание.

На наставниците им се вели „да се држат на дистанца едни од други, како и од повозрасните ученици каде што тоа е можно“, но им е дозволено слободно да се движат меѓу класовите. Од персоналот се очекува да се врати на работа во своето училиште, бидејќи „новите ризици за сите вработени ќе бидат значително намалени“, стои во новите упатства. Персоналот класифициран како ранлив, исто така, може да се врати ако одржува социјално растојание.

Џоф Бартон, генералниот секретар на Здружението на училишта и водачи на колеџ, изјави: „Веднаш е очигледно на секој што ќе го прочита ова упатство дека е огромен предизвик за спроведување. Логистиката за задржување на многу различни „меури“ на деца во целото училиште, вклучувајќи ги групи од цели генерации, составени од стотици ученици, е незамисливо “.

Од 20 јули, ќе бидат укинати и ограничувањата за големината на групите за јасли, градинки и други места, наменети за предшколска возраст.

Во одделно соопштение, Офкал- регулаторот за испити во Англија, посочи дека ќе размисли да го одложи почетокот на испитите за следната година, за да им се овозможи повеќе време за учениците да го надоместат испуштеното.

„Сакам да ги уверам родителите и семејствата дека правиме се што можеме за да се осигураме дека училиштата, градинките, колеџите и другите даватели на услуги се колку што е можно побезбедни за децата и вработените и ќе продолжат да соработуваат со најдобрите научни и медицински експерти во земјата“, изјави Гавин Вилијамсон, секретар за образование.

Мобилни единици за тестирање може да бидат испратени да спроведуваат тестови на цели училишта во случај на појава на појава на „Ковид-19“, предвидува упатството.

„Кога има два или повеќе потврдени случаи во двонеделен период, екипите за здравствена заштита на Англија може да побараат поголем број деца или млади да се изолираат дома како мерка на претпазливост“, стои во упатството . „Кога е потврдена епидемија во училиштето, за специфични детални испитувања, мобилна единица за тестирање може да се испрати за да ги тестира сите кои можеби биле во контакт со лицето кое има позитивен тест. Тестирањето прво ќе се фокусира на самиот клас, по што следи целата генерација, а потоа и целото училиште, доколку е тоа потребно “.

Упатството исто така вели дека училиштата се очекува да „обезбедат целосна посетеност од почетокот на новата учебна година“, со повторното воведување на задолжителните барања за посетеност на учениците и можноста за казни за родители изречени од локалните власти.