Англија ќе се справува со отпадот со воведување на кауција за пластичните шишиња и конзервите

Англичаните наскоро ќе мораат да плаќаат кауција кога ќе купуваат пијалок во пластични шишиња и конзерви, со цел да го поттикне рециклирањето и да се справи проблемот со отпадот.

Кауцијата ќе ги зголеми цените на производите, но муштериите ќе ги добијат своите пари назад ако го вратат шишето.

Оваа шема се очекува да го намали бројот на еднократно употребуваните шишиња од стакло и од пластика, како и челичните и алуминиумските конзерви.

Во идниот период ќе се одлучува за износот на кауцијата, но како што информираат англиските медиуми, ќе се следи примерот на Германија и Шведска.

Владината одлука доаѓа откако новите епизоди на емисијата „Сина планета“ ја истакна заканата од загадувањето на океаните и покажа снимки од дивиот свет кој јаде пластика.

Секретарот за животна средина Мајкл Гоув вели дека без сомнение пластиката „предизвикува хаос“ во морскиот свет и дека фрлените пластични шишиња и конзерви „завршуваат на тротоарите и реките, езерата и морето“.

„Веќе ги забранивме штетните гранули и ја укинавме употребата на пластични кеси, а сега сакаме да преземеме акција за пластичните шишиња за да помогнеме во чистењето на нашите океани“, изјави тој.

„Ние мора да видиме промена во ставот и однесувањето. Доказот покажува дека шемите со награда и враќање се силен застапувач за промена“.

Британските потрошувачи користат приближно 13 милијарди пластични шишиња годишно, но повеќе од три милијарди се рециклираат.

Шкотка веќе најави планови за воведување на сличниот систем. Северна Ирска ќе го разгледа овој пристап до крајот на годината.

Слишни шеми во северна Европа веќе доведоа до зголемена количина на пластика што се рециклира.

Приближно 40 држави низ светот, вклучително Германија, Шведска и Израел, како и 21 американска држава имаат одреден систем за кауција.