Алек Болдвин е обвинет за убиство од небрежност

Актерот Алек Болдвин зборувал на телефон за време на обука за употреба на огнено оружје за филмот на чиј сет ја усмрти кинематограферката Халина Хачинс, соопштуваат од обвинителството во Санта Фе. Оттука тој е обвинет за убиство од небрежност.

Документите што беа објавени вчера илустрираат целосно хаотичен сет со немарен пристап кон огненото оружје. Обвинителството во Санта Фе го обвини актерот за многу случаи каде се однесувал крајно немарно.

Хана Хачинс, која беше директор на фотографија на вестерн филмот „Rust“ почина додека беше пренесувана во болница откако беше застрелана во градниот кош за време на снимање.

Адвокатите на Болдвин и Гутерез-Рид изјавиле дека ќе поднесат жалба на ваквите обвиненија. Ако се прогласени за виновни, тие може да се соочат со 18 месеци затвор и парична казна од 5.000 долари. Ним ќе им суди порота.

Актерот претходно ја негираше одговорноста за пукањето. Тој во медиумите изјави дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот. Сепак, како што изјавија обвинителите, фотографиите и видеата од снимањето на „Rust“ јасно прикажуваат како Болдвин вежба пукање со пиштолот со неговиот прст поставен на чкрапалото неколку пати.