Аларм за екстремно загаден воздух: скопјани и тетовци се гушат, надлежните делат препораки

Надминат е прагот на алармирање за PM10 честички во воздухот во Скопје на мерните места Ректорат и Лисиче и во Тетово, откако беа измерени вредноста од 200 микрограми на метар кубен во текот на два последователни дена, соопшти Министерството за животна средина.

Од Министерството информираат дека информацијата е препратена до надлежните институции, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје, како и до општините во кои има алармантно загадување на воздухот.

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да:

• Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.
• Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот.
• Препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.
• Обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Владата на Република Македонија треба:
• Да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.
• Да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти
Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа:
• Да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници.
• Да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.
Министерството за здравство:
• да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина треба да:

• Да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави:

• Препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

Општините, пак, стои во соопштението, се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините