Активисти поставија „чудовиште“ од пластика пред Нестле, како протест против загадувањето

Загадувањето на окенаните со пластика е огромен проблем, па поради тоа, активистите на Гринпис одлучија да ја подигнат свеста за придонесите конова загадување на компанијата Нестле, пред чие седиште поставија џиновско „чудовиште“ од пластичен отпад.

Високо 5 метри, „чудовиштето“ замислено е да личи на една од морските риби кои живеат на дното на морињата, околу 90 отсто под земја, пред штабот на Нестле во Арлингтон, Вирџинија. Уште поголемо „чудовиште“ од пластичен отпад беше претставено претходно истиот ден пред глобалното седиште на компанијата во Швајцарија, додека слични инталации се појавија во Италија, Кенија и на Филипините, изјави за „Ертер” Кејт Мелгес од Гринпис, одговорна за кампањата.

Акциите беа дел од светската акција за подигање на свеста за придонесите на компанијата Нестле, во загадувањето со пластика на океаните за кое се проценува дека изнесува 8 милиони тони пластика секоја година.

„Навистина, ние само сакавме да го визуелизираме чудовиштето што е создадено со пластична амбалажа за еднократна употреба и да го натераме Нестле да прифати и преземе некоја одговорност“, рече Меглес.

Во последниве неколку месеци, Нестле се соочи со критики поради големиот придонес во загадувањето со пластика. Ревизијата од 2018 година спроведена стана на групите обединети под слоганот „Break Break From Plastic“ откри дека производите на Нестле се трети по ред, според уделот во океанското ѓубре. Соочувајќи се со зголемен притисок, компанијата презеде некои позитивни чекори, вклучително и најави дека ќе ја отстрани “пластиката што не може да се рециклира или тешко се рециклира” до 2025 година, почнувајќи од пластичните цевки оваа година, како и воведување пластика која се реупотребува.

Но, многу еколози сметаат дека ветувањата засновани на пластика која се рециклира се целосно несоодветни. Посочуваат дека рециклирањето троши енергијата, придонесува за емисиите на јаглеродни гасови што затоплуваат. Вече се случи проблем, откако Кина, главниот играч, минатата година престана да прифаќа увоз на пластика. Рециклирачите низ САД и светот исто така се повеќе се принудени да ја пренасочат пластиката кон депонии или печки, проблем што се очекува да расте.