Акција за донирање на вишокот храна од новогодишната трпеза

Со цел да запре фрлањето храна по завршувањето на новогодишните прослави, здружението „Вистински дела на љубезност“ спроведува акција за собирање и донирање.

„Како и минатите години, така и оваа Новогодишна ноќ во домовите, рестораните и хотелите, по завршување на прославите ќе остане многу храна која за жал ќе заврши во контенерите. Здружението ЉУБЕЗНОСТ повторно ќе организира собирање на храна (но не остатоци) туку вишок на употреблива храна и истата ќе ја донира на бездомните семејства и поединци, за да можат и тие да ги почуствуваат празниците“, се вели во нивното соопштение на Фејбук.

Тие информираат дека ќе се направи маршута на движење каде што нивни волонтери со комбе ќе ја собираат храната дирекно од домовите и рестораните во Скопје. Пријавувањето вишок храна од страна на граѓаните / рестораните може да се направи денеска (1 јануари) во периодот од 14:00 до 17:00 ч. на мобилните телефони 078263792 / 078322730.

Вишокот храната ќе се собира денеска и утре од 17:00 до 21:00 часот.

„Бидете солидарни и покажете ја вашата хуманост на дело за време на Новогодишните празници“, порачуваат активистите.