АИЕСЕК бара волонтери за пракса во странство

Организацијата АИЕСЕК бара млади авантуристи – студенти желни да го откријат светот и да направат нешто повеќе за себе, а сите заинтересирани за волонтерска пракса ги повикуваат да се пријават во организацијата за да добијат „искуства што ќе ги паметат целиот живот“.

АИЕСЕК бара волонтери за пракса во странство

„Волонтерската пракса е достапна за сите студенти, има времетраење од 6-8 недели, а сместувањето и храната ќе бидат обезбедени од страна на АИЕСЕК во земјата домаќин. Притоа практикантот ќе работи во интернационален тим на проект на општествена тема. Државата, периодот и проектот на кој ќе работи ги бира апликантот со постојана помош од страна на АИЕСЕК“, посочуваат од органицацијата.

Инаку АИЕСЕК е студентска невладина организација која функционира на глобално ниво низ цел свет. Нејзина основна дејност е овозможување волонтерска или професионална пракса за студентите кои сакаат да патуваат надвор од Македонија и да откриваат нови држави и култури.

Од АИЕСЕК појацнуваат дека ваквата пракса досега им помогнала на голем број студенти за нивно развивање како личност, зголемување на мрежата на контакти низ целиот свет, но и за стекнување поинакви искуства .

Зите заинтересирани студенти може да се пријават на веб сајтот на АИЕСЕК или во нивните канцеларии и промотивни штандови.