750 милиони генетски модифицирани комарци дозволени за пуштање во Флорида

Се планира пуштање на над 750 илјади генетски модифицирани комарци близу „Флорида Кис“ во 2021 и 2022, а планот бил официјално усвоен од локалните авторитети, како мерка за коронавирусот, иако планот наишол на неодобрување од страна на локалните жители и коалиција на групи за зачувување на животната средина. Но ваквиот предлог сепак бил прифатен од државата.

„Со сите итни кризи со кои се соочува нацијата и државата Флорида – пандемијата од Ковид-19, расна неправда и климатските промени- администрацијата употреби дел од државниот буцет за спроведување на експеримент како „Паркот Јура“. Но Центарот за контрола од комарци ја издаде и последната потребна дозвола. Што може да тргне наопаку? Не знаеме, посебно бидејќи ЕПА незаконски ја отфрли анализата за ризици врз животната средина и продолжи со спроведување на експериментот“, истакнала Џејди Хансон, дел од Интернационалниот центар за технолошки спроведување и Центарот за безбедност на храна.

Усвоен од Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) во мај, пилот проектот е дизајниран за да тестира дали генетско модифицираните комерци се успешна алтернатива наместо прскањето со инсектицити за да се спречи видот на комарци „Едес Египти“. Ваквиот вид на комарци може да пренесе неколку смртни болести како зика, жолта треска, денга и чикунгуја.

Комарецот, наречен „ОX5034“ е модифициран за да создаде женски поколенија кои умираат во фазата на ларви, многу пред да израснат во единки зрели за касање и ширење на болести. Само женскиот вид на комарци пие крв – потребна за развој на нејзините јајца. Машките комарци се хранат само со нектар и поради тоа не се носители на болести.

Ваквиот вид на модифициран комарец доби легална дозвола за ширење во „Харис Каунти“ во Тексас на почетокот на 2021 година, според „Окситек“, американска компанија со седиште во В. Британија, која го создала генетско модифицираниот организам.

Агенцијата за заштита на животната околина финасиски ја поддржала „Окситек“ по долгогодишно испитување за последиците од генетски модифицираните комарци врз луѓето и животната средина.

„Ова е возбудлив прогрес бидејќи ја претставува инвентивноста на стотици посветени работници низ неколку држави, во рок од една деценија. Сите тие сакаат да ги заштитат заедниците од денга, зика, жолта треска и други болести“, истакнал директорот на „Окситек“, Греј Франдсен.

Локалните здравствени авторитети потврдуваат дека не постои целосно согласување за спроведување на планот, но додале дека фокус е кон смирување на ширењето на вирусот.

Во јуни, државата Флорида дала дозвола за експериментална употреба на комарците, откако седум државни агенции едногласно го дозволиле проектот. Но за вадење на токму ваквата дозвола била потребна една деценија.

Во 2009 и 2010 година, се случиле локални зарази од дега треската, па Контролата за комарци во „Флорида Кис“ била очајна за нови мерки. Иако се испробувале многу начини за справување со опасните комарци, сите тие биле неуспешни.

Иако посебниот вид на комарец „Едес Египти“ сочинува само 1 отсто од популацијата на комарци, „Флорида Кис“ користела повеќе од 1 милион долари годишно од буџетот за да се справи со комарецот.

Во 2012 година, „Флорида кис“ се обратила до „Окситек“ за помош, па компанијата создала машки комарец „ОХ513А“ испрограмиран да почине пред да достигне голема возраст, освен ако не е растен во води кои го содржат антибиотикот тетрациклин.

Ваквиот тип на комарец бил тестиран на Кајманските острови, Панама и Бразил, а компанијата доживеала голем успех со секое „пуштање“ на комарците. На пример, тестирање во урбаниот дел од Бразил го намалило присуството на „Едес Египти“ за 95 отсто.

Но, кога се проширила веста за „Флорида Кис“, дека комарецот е во фаза на изработка, јавната критика довела до пресврт – повќе од 100,000 луѓе ја потпишале петицијата на „Change.org“ против експериментот, а денес бројката е искачена до 242,000 потпишани.

Извор: CNN