Штуловиот Универзитет ќе се грее на биомаса и ќе заштедува 100.000 евра годишно

Денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири ќе се обрати по повод одбележувањето на 13-годишнината од формирањето на Универзитетот и пуштањето во употреба на постројката за добивање на енергија од биомаса.

Штуловиот Универзитет ќе се грее на биомаса и ќе заштедува 100.000 евра годишно

Универзитетот ќе го исфрли од употреба мазутот, а за добивање топлинска енергија ќе користи биомаса, односно пелети. Со ова, од една страна, ќе се заштедуваат годишно околу 100.000 евра, а, од друга, значително ќе се придонесе за намалување на емисијата на стакленички гасови.

Ова е втор проект што го спроведува Универзитетот во рамките на активностите за енергетска ефикасност и употреба на обновливи извори на енергија бидејќи од лани е во функција фотоволтаична централа за сопствено производство на електрична енергија со капацитет од 100 киловати, со која се задоволува дел од потрошувачката на струја.

Извор