50-та Светска галерија на карикатури од 31 мај до 10 јуни во Музеј на Град Скопје

Галерија „Остен“ традиционално организира изложба на најдобрите карикатури од натпреварот. Годинава се учествувале 208 карикатуристи од 50 земји, со 792 карикатури.

Официјално објавување на наградите ќе се одржи на 31 мај во 20 часот во Музеј на Град Скопје, по што изложбата ќе остане до 10 јуни, достапна за јавноста.

Ердоган Басол од Истанбул е во двојна улога – како селектор и член на жири.

Според стручното мислење на Ердоган, 140 карикатури кои ќе бидат претставени во каталог со репродукција, беа одбрани за понатамошна селекција.

Покрај Басол, во жирито влегуваат и Ен Телнес, САД – редакциски карикатурист во Вашингтон пост, Владимир Казаневски, Украина – карикатурист и предавач по теорија на карикатура, Мостафа Рамезани, Иран / Франција – карикатурист и графички дизајнер и Мице Јанкуловски, Македонија – уметник, карикатурист и претставник на ОСТЕН.