11-тото издание на АКТО Фестивалот за современи уметности продолжува во Штип

Третиот дел од единаесеттото издание на АКТО Фестивалот за современи уметности  продолжува во Штип на 21 и 22 октомври.

 АКТО Фестивалот за современи уметности е организиран од Здружението за култура и уметност ФРУ – Факултет за работи што не се учат и е поддржан од УСАИД.

Фестивалот, кој втората деценија ја започна како ПОП АП АКТО годинава се случува во четири града, започнувајќи во Битола во август, потоа Скопје во септември, а ќе заврши во Тетово во ноември. Штипската програма ќе се одвива на неколку локации, како КУЦ Текстил и Радио Кафе Канал 77, а содржини ќе има и во Народниот театар Штип и паркот „8ми Ноември“.

Програмата на ПОП АП АКТО во Штип ќе се надоврзе на темите отворени во Битола и Скопје во однос на политичката моќ на колективите и важноста на заедничкото делување.

Здружението ФРУ – Факултет за работи што не се учат е формирано 2000 година како уметнички проект чие официјално функционирање започнува во 2001 година во Скопје. Една од главните активности на ФРУ е АКТО фестивалот за современа уметност. За повеќе информации посетете ја нашата интернет страница http://akto-fru.com/