1.964 новозаразени и 13 починати од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 7 лица. Починале по 2 лица од Скопје (82г и 87г) и од Прилеп (74г и 86г) и по едно лице од Ресен (67г), Струга (71г) и Крива Паланка (39г).

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 лица, 2 починати лица од Гевгелија (66г и 78г) и по едно починато лице од Скопје (71г), Битола (78г), Делчево (70г) и Кавадарци (76г), починати во период од 30.12.2021-08.01.2022г. Починатите се на возраст од 66 години до 78 години. Од пријавените 3 лица се починати во болнички услови и 3 во домашни услови“, се додава во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 1.964 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 1070 случаи во Скопје, Битола – 226, Прилеп – 122, Куманово – 52, Охрид – 51, Валандово – 44, Радовиш – 35, Велес – 32, Гевгелија – 31, Кавадарци – 29, Тетово и Кочани по – 22, Гостивар и Крушево по – 21 и по 20 во Струга и Струмица.

Потоа, регистрирани се по 17 случаи на Ковид-19 во Кичево и Крива Паланка, Ресен и Богданци по – 13, Штип, Неготино и Делчево по – 12, Свети Николе – 10, Кратово – 9, Демир Хисар – 8, Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево по – 4, Дебар, Виница и Македонска Каменица по – 2 и 1 случај во Демир Капија.

Од МЗ соопштија дека поради технички проблем во системот Мој Термин во текот на денешниот ден не биле евидентирани оздравени лица и најавија дека оздравените лица од денеска ќе бидат прикажани во утрешната информација.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.672.767 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 7.724 тестови.