‪#‎БунтПротивОтпадот – акција за собирање на стара хартија

Во рамки на ‪#‎БунтПротивОтпадот‬, „Ајде Македонија“ и Медиа Принт Македонија под покровителство на Британската амбасада во Скопје организираат акција за собирање на стара хартија, која ќе се одвива во текот на октомври.

Организаторите ги повикуваат сите невладини организации, компании и институции кои би сакале да земат учество во акцијата. Тоа можат да го направат со пополнување на кратката пријава на следниов линк: http://goo.gl/forms/9KNlcM2Lyu

„За сите учесници ќе биде обезбедена соодветна картонска кутија за собирање на хартијата, како и транспорт до и од Вашите простории“, стои во соопштението.