Зграда што го „јаде“ смогот

Нов градежен материјае би можел да вдахне малку воздух среде урбаната џунгла. Palazzo Italia, објектот кој дебитираше на Светскиот саем во Милано за 2015 годин, е првата зграда направена од бетон кој е специјално дизајниран за да го прочистува воздухот.

Фасадата која е направена од мешавина на цемент и титаниум диоксид, го лови загадувањето со азот-оксид и го претвора во безопасна сол која лесно се плакне од ѕидовите кога ќе заврне дожд.

Објектот троши 40 проценти помалку енергија отколку конвенционалните објекти со иста големина, а  емитува нула загадување на воздухот.

„Сакавме зградата да биде осмотски организам”, вели водечкиот архитект Мишел Моле за Popular Science. „Како дрво кое дише јаглерод диоксид и издишува кислород“.