Згасна Вајн, апликацијата за споделување кратки видеа

Твитер ја гаси својата апликација за споделување на кратки видеа Вајн, поради проблеми со буџетот. Социјалната мрежа и апликацијата за паметни телефони ќе престанат да работат во наредните месеци.

Во блог пост од компанијата објавија: „Ништо нема да им се случи на апликацијата, веб страницата или вашиот Вајн денес. Ве цениме вас и вашите видеа, и ќе го направиме ова на најдобриот начин. Ќе имате пристап до вашите видеа и ќе можете да ги преземете. Ќе ја оставиме веб страницата онлајн, бидејќи мислиме дека е важно и понатаму да можат да се гледаат сите неверојатни „вајнови“ кои беа направени“.

Апликацијата, преку која 100 милиони луѓе гледаа видеа секој месец, а секојдневно имаше 1,5 милијарди прегледи на видеата, беше купена од Твитер. Но, бројот на корисници се намали во минатите години, а Твитер воведе пренос во живо преку Перископ.

Основачот на Вајн, Рус Јусупов, реагираше на вестите, велејќи дека жали што ја продал компанијата на Твитер.

Пред неколку дена, Твитер објави и дека ќе отпушти стотици вработени. Сепак, кварталните извештаи на компанијата покажуваат дека приходните им се подобри од очекуваното.