[Видео] Шарената револуција „удри“ по Театар Комедија и палатата Панко Брашнаров

„Куршумите живот значат даско една“, испишаа денеска демонстрантите од Протестирам пред Театарот Комедија, алудирајќи на вчерашниот ФБ пост на директорката на театарот, Јелена Жугиќ која побара гумени куршуми за тие што протестираат.

Шарената револуција потоа продолжи кон палатата Панко Брашнаров каде се сместени канцелариите на Агенцијата за млади и спорт, но и на Агенцијата за аудиовизуелни медиуми, зграда која насила беше изградена откако граѓаните што протестираа против неа- паркобраните, беа приведени од полицијата.

И денеска протестот почна во 18 часот, пред Специјалното јавно обвинителство, како поддршка за обвинителите.


Потоа демонстрантите продолжија кон Театар Комедија, ја обоија палатата Панко Брашнаров и се упатија кон Собранието за кое и денеска се поготвени нова тура бои и големиот рачен катапулт.Демонстрантите се движат со паролата напред „Мафија на робија“.

Шарената револуција нема да престане се до ислолнување на барањата на Протестирам, децидни се од движењето.