[Видео] Шарената револуција ја обои Влада и испиша „Слобода“

Новата бела барокна фасада на Владата вечерва беше цел на Шарената револуција. Демонстралнтите ги активираа новите чатали, а балоните со боја успеаја да стигнат до Владата. Дел од присутните ја боеја оградата, а на влезот испишаа „Слобода“.

Како што јавува репортерката на Радио МОФ, групата сега се упати пред Собранието, каде се очекува ново боење на законодавниот дом. Мотото на денешниот протест е „Ќе се чаталиме до Слобода“, во знак на револт од приведувањата на демонстрантите и се почестите покани за информативни разговори во полиција. поради боењето.

Протестот и денеска започна во 18 часот, пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, од каде демонстрантите преку Дебар Маало и Илинденска, стигнаа  до Влада.