[Видеo] „Позајмено време“ – кратката анимирана приказна на Пиксар што ја освои публиката

Краткиот анимиран филм на Ендрју Коутс и Лу Хаму собра огромен број на признанија на светски фестивали, а отсега е достапен и на Вимео. „Позајмено време“ раскажува за осамен шериф кој се навраќа на болно сеќавање од минатото. Композицијата на музиката во филмот е дело на Густаво Сантаолала.

„Нашата цел беше да направиме нешто што ќе се спротистави на тоа дека анимацијата е жанр, особено за деца“, вели Хаму. „Ние навистина сакавме да направиме нешто што е малку повозрасно во изборот на теми и да покаже дека анимацијата може да биде медиум за да се раскаже каква било приказна“.

„Позајмено време“ е соодветно име со оглед на времето кое им било потребно на Коутс и Хаму да го направат. Филмот е направен со поддршка на Пиксар, преку внатрешна програма за професионален развој што им овозможува на вработените да ги користат ресурсите на Пиксар во своето слободно време. За филмот им биле потребни пет години.

„Имаше многу технички пречки“, вели Коутс. „Има тим кој обично работи на некој од нашите филмови, кој не беше достапен за овој филм. Така што ние моравме да изградиме се“, додаде тој.