Утринска програма на Радио МОФ

utrinskaAлармот ѕвони. Сонцето веќе ви ја осветлува собата. Или пак можеби маглата ве измачува со своето сивило. Од надвор се слуша врева, автомобили, автобуси, пешаци. Градот се буди. Можеби сте веќе во канцеларија и ги проверувате вчерашните мејлови. Во вакви околности, Радио МОФ има задача да ви го направи утрото поинтересно, позабавно, поубаво. Радио МОФ ве буди.

Почнувајќи од 6ти Ноември, секој понеделник, среда и петок, од 9 до 11 часот започнете го денот со Утринска програма на Радио МОФ. Свежа и весела музика и утрински муабети на различни теми со Жарко Настоски. Закачи се !