Утре протест пред Влада поради загадениот воздух

Нов протест против загадениот воздух ќе се одржи утре (недела, 14 јануари) напладне пред Владата на Република Македонија. Зад протестот стојат граѓани организирани преку социјалните мрежи.

„Британската влада во 2000 ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања“, стои во објавата за настанот на Фејсбук.

Протест поради аерозагадувањето на сличен начин беше најавен и пред две седмици, пред Град Скопје, но тој беше одложен до, како што рекоа иницијаторите, некои други црни денови.

Одложен денешниот протест против загадувањето