Урнат светски рекорд во музичката индустрија

Сестраниот музичар, најпознат како фронтмен и основач на Вајт Страјпс, Џек Вајт, го урна рекордот во најбрзо објавен носач на звук за што му беа потребни три часа, 55 минути и 21 секунда, пишува весникот Тајм.

Урнат светски рекорд во музичката индустрија

Како дел од „Record Store Day“, Вајт ја изведе насловната песна од неговиот албум „Lazaretto“ кој во продажба стигнува на 10 јуни пред малубројна публика во Нешвил.

Веднаш после настапот снимката на винил ја објави „United Record pressing“. Фановите кои се задржале малку подолго можеа веднаш да го купат синглот.

Досегашниот рекорд го држеше швајцарската група Vollgas Kompanie која го објави „live“ албум, само еден ден после снимањето.