Уметник направи да исчезне пирамидата пред музејот Лувр

Францускиот уличен уметник JR вчера го заврши своето последно јавно уметничко дело, огромното фотографско парче што ја обвива познатата стаклена пирамида пред Музејот Лувр, создавајќи илузија дека таа исчезнала.

Делото е дел од настанот насловен како „JR во Лувр“ и се состои од фотографски отпечатоци од музејот поставени на надворешното стакло, со цел од подалеку да изгледа дека е исчезната пирамидата. Изложбата вклучува и 24-часовен настан кој ќе се одржува овој викенд на 28-29 мај, на кој ќе се прикажуваат филмови, ќе има работилници музчки настапи и танц перформанс.

JR е познат по своите огромни црно-бели фотографии поставени во форма на мурали, најчесто со лица на луѓе.