Тинејџер влегол во ВИП ложата на концерт откако напишал дека е братучед на пејачот на Википедија

Тинејџерот Адам Бојд од Кру, Велика Британија, успеал да влезе во ВИП ложата на концерт на бендот Sherlocks, откако на Википедија напишал дека е братучед на фронтменот, како и дека бил инспирација за песната “Live for the Moment”.

Идејата ја добил откако задоцнил за концертот во Ројал Алберт Хол во Манчестер.

„Минатата вечер тргнав на концертот, но стигнавме доцна и местото на кое стоевме имаше многу лош поглед. Додека бев пијан, ја ажурирав Википедија страницата на бендот и напишав дека сум роднина на пејачот, и успеав!“.

„Братучедот“ на пејачот Киаран Крук на вратарот му ја покажал страницата на Википедија, се идентификувал, и веднаш бил пуштен во ВИП делот, каде погледот бил значајно подобар.teen-sneaks-vip-band-concert-wikipedia-14

teen-sneaks-vip-band-concert-wikipedia-23

teen-sneaks-vip-band-concert-wikipedia-21