Технолошка еволуција во тенисот: линиските судии пробно ќе бидат заменети со „Соколово око“ во живо

Нова технологија за „Соколовото око“ ќе ги замени линиските судии на турнирот за следната генерација на АТП финалисти во Милано во ноември.

Крајот на сезоната на турнирот, каде ќе одиграат најдобрите осум машки играчи на возраст до 21 година, ќе го тестира ткн. електронски линиски систем, така што единствен што вистински ќе суди за време на мечот ќе биде главниот судија.

Технологијата ќе се користи на сите линии во текот на секој меч, со автоматски повик за „аут“ и како резултат на тоа нема да се користи системот за преглед, што претставуваше досегашна пракса.

Системот е опишан како пресврт за спортот и дава увид кон неговата потенцијална иднина, ако се покаже како успешен во Милано.

Гејл Дејвид Бредшо, потпретседател задолжен за правилниците и натпреварувањата во АТП, во изјава рече:„Ова може да биде историски момент за нашиот спорт“.

„Нашите атлети работат напорно и тие го заслужуваат најдоброто и најпрецизната пресуда што може да ја понудиме“, додаде тој.