Станица студентска: Повик за учесници на здружена студентска редакција

Радио МОФ и годинава организира здружена работилница по новинарство која ќе се одржи во состав на настанот „Станица студентска“, на 25 април, во Јавна соба.

Работилницата ќе функционира од 12 до 18 часот и ќе претставува редакција за млади новинари кои под уредништвото и менторството на новинари од Радио МОФ ќе пишуваат за активностите кои ќе се одвиваат на „Станица студентска“.

Целта на работилницата е сите учесниците низ практичната теренска работа да ги подобрат своите новинарски вештини. Повикот за учество на работилниците е отворен за оние што сакаат да го збогатат своето новинарско искуство и знаења, но и да се инспирираат и да научат повеќе од искусни новинари.

Работилницата не е наменета само за студенти по новинарство туку и за млади без новинарско искуство кои сакаат да пишуваат и истражуваат.

Работен јазик за работилницата е македонски. Сите заинтересирани за учество, треба да се пријават со испраќање на име, презиме и факултетот од каде што доаѓаат, како и неколку реченици зошто сакаат да се дел од здружената редакција на е-мејлот info@radiomof.mk со назнака „Станица студентска“, најдоцна до понеделник, 24 април.

Текстовите кои ќе бидат изработени во текот на работилницата ќе бидат објавени во посебна секција на Радио МОФ посветена на „Станица студентска“.

//