Советникот на Ердоган: Претседателот е во Турција

Советникот на турскиот претседател Ќемал Хасими изјави дека Реџеп Таип Ердоган е во Турција.

„Со сигурност знаеме дека оваа акција го срушила синџирот на команда и дека не била авторизирана од врвот. Ова е фракција и тоа е факт. Вистина е дека во моментов имаме потешкотии во Анкара и Истанбул, но работиме на тоа. Претседателот Ердоган во моментов е во Истанбул“, изјави Хасими, но не сподели каде во Истанбул.

Претходно, Ердоган ѝ се обрати на нацијата, но преку Скајп, повикувајќи ги граѓаните да излезат на плоштадите, на аеродромот и на улиците и да се спротивстават на државниот удар.

Државната турска телевизија во моментов не емитува програма, социјалните мрежи се исклучени, а стратешки позиции како мостови, аеродроми и институции се заземени од турската армија.

Тензијата во Истанбул и Анкара расте откако голем број на луѓе излегоа на улица. Според странските медиуми, се слушаат пукотници и експлозии, а досега се убиени 17 полицајци.

Преку соопштение, армијата потврди дека ја презема контролата врз Турција и ја отфрла власта на Ердоган, бидејќи според нив, претседателот ги нарушил уставниот ред, човековите права и слободи, како и националната безбедност.

Новинските агенции Скај њуз обезбедија видеострим од случувањата во Анкара и Истанбул.