СНП: Нападот во Батинци ги илустрира деградацијата и урнатиот дигнитет на наставниците

Со згрозеност ја слушнавме веста за физичкиот напад од страна на роднина врз наставничка во Батинци. Овој настан е капка во веќе прелеана чаша, реагираат од иницијативниот одбор на Синдикатот на Наставничкиот пленум (СНП).

Според СНП, пријавениот случај за нападнатата 48-годишна наставничка додека одржувала настава, ја илустрира потполната деградација и урнатиот дигнитет на наставниците.

„Иницијативниот одбор на СНП и голем дел членови од Наставнички пленум најостро го осудуваат настанот. Нападот на наставник за време на час, на работно место, пред очи на учениците не смее да се третира како улична тепачка, со прекршочна пријава за физички напад. Бараме соодветна правна и друга заштита, бидејќи на наставниците веќе им е загрозена дури и личната безбедност! Образ ова ни е!“, стои во реакцијата.