Наставничка од селото Батинци нападната за време на час

Вчера претпладне наставничката А.Е.(48) од Основно училиште во село Батинци пријавила дека била нападната за време на час,  во кабинетот додека одржувала настава.

Како што соопштија од МВР, нападот бил од страна на А.Ј.(58) кој почнал да ја навредува со погрдни зборови, а потоа и физички ја нападнал удирајќи и шлаканица од која наставничката се здобила со оток под десното око и модринка.

Од полицијата соопштија дека се работи на целосно расчистување на случајот.